Емисиите на Чавез привремено во прекин

Телевизиската и емисијата која оди на радио во кои се обраќа венецуелскиот претседател Хуго Чавез нема да се емитуваат до октомври, поради кампањата за парламентарните избори во таа земја. Емитувањето на емисијата “„Здраво, претседателе“, ќе прекине со емитување уште овој викенд, за да може во тој термин да одат упаства за гласањето и финалето од женското првенство во кошарка. Емисијата на Чавез ќе биде во прекин заради почитување на изборните правила.