При ракетен напад загинале 4 милитанти во Пакистан

Најмалку четворица милитанти загинаа во ракетен напад од страна на американските сили во северозападниот племенски регион во Пакистан, соопштуваат тамошните безбедносни функционери. Проектилите биле насочени кон една зграда во која се наоѓале милитантите, во близина на главниот град на провинцијата Северен Вазиристан. Ракетните напади се чести во тој регион кој се наоѓа на границата со Авганистан и каде бунтовниците имаат упоришта.