СДСМ:да се повлече новиот амбасадор во НАТО. МНР реагира

Од СДСМ побараа Премиерот да го повлече од функцијата амбасадорот во НАТО Мартин Треневски. Од партијата велат дека во изјавите на амбасадорот се гледаат неговите анти-НАТО ставови, и дека Треневски не знае каква му е функцијата и до каде му се допуштени неговите ингеренци како амбасадор. Од СДСМ за тоа дали имаат информации од НАТО, за тоа како реагираат на Треневски, се повикаа на вчерашниот извештај од американската амбасада, односно од Стејт департментот. Во него, според СДСМ, се бара од Македонија да се огради од ставовите на Треневски.По барањата на СДСМ, со реакција се огласи и министерството за надворешни работи. Во неа се вели дека МНР ќе продолжи сериозно и посветено да работи на остварување на врвниот национален приоритет – членство на земјата во НАТО и дека тоа ќе продолжи да го прави во иднина со новоименуваниот амбасадор Треневски.