Скопје и Атина под притисок за брзо решавање на спорот

Скопје и Атина во наредниот период ќе бидат изложени на притисок за брзо изнаоѓање на решение за името, ги пренесува МИА, пишувањата на грчкиот весник „Катимерини“. Според дипломатски извори кои ги цитира весникот, прашањето за спорот околу името ќе биде разгледуван на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО следниот месец во Њујорк. Тогаш ќе биде направен нов обид за решавање на спорот со цел Македонија да биде примена во НАТО за време на самитот на врвот во ноември во Лисабон.