Нови поплави во Пакистан

Околу 150 илјади луѓе од пакистанската област Синг се иселиле во изминатите 24 часа, затоа што надојдената река Инд потопи уште десетина села и градови на југот на земјата. Властите очекуваат водата да се повлече за неколку денови, но велат дека мала е веројатноста луѓето кога ќе се вратат назад да си ги затекнат своите домови. Во провинцијта Синг веќе има 600 илјади луѓе сместени во кампови кои ги напуштија своите домови по претходните поплави. Поплавите кои започнаа од 29 јули зафатија речиси една петина од територијата на Пакистан. Од поплавите се погодени повеќе од 20 милиони луѓе.