Старт на иранската нуклеарна постројка во Бушер

Иранската нуклеарна постројка во Бушнер ќе почне да се полни со гориво и ќе почне да работи по неколку годишно одлагање. Централата ќе користи увезено гориво од Русија, а започнувањето со работа го следат експерти од Меѓународната агенција за Атомска енергија. Русија веќе обезбедени 82 тони гориво за Бушер, а исто така планира да ги врати назад потрошените материјали за да се избегне било каква злоупотреба. Во средата, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Бушер ќе го задржи Иран насочен кон употреба на нуклеарна енергија за мирољубиви цели.