"Трговецот со смртта" ќе биде испорачан во САД

Судот на Тајланд ја одобри екстрадикцијата на рускиот дилер на оружје Виктор Бут, наречен трговец со смртта, на Соединетите Држави. Бут е поранешен советски офицер и се смета за еден од најголемите илегални трговци со оружје, вмешан во снабдувањето во некои земји на Јужна АМерика, Блискиот Исток и АФрика, а негови клиенти биле и Чарлс Тејлор и Муамер Гадафи.