Бесон: Франција ги почитува правата на странците

Франција не е должна да прима лекции од другите, изјави синоќа францускиот министер за имиграција Ерик Бесон, по критиките што ги доби земјата откако почна да ги протерува Ромите во државите од каде што дошле. Според Бесон, Франција е една од европските земји која најмногу ги почитува правата на странците, дури и на оние кои престојуваат нелегално. Инаку, првата група од 79 Роми кои беа протерани од француските власти, синоќа пристигнаа во Букурешт. Бесон истакна дека сите тие прифатиле протерување со исплатена отштета од 300 евра.