Русија:централата Бушер во Иран ќе биде за мирољубиви цели

Иранската нуклеарна централа Бушер ќе произведува гориво само за мирољубиви потреби , соопшти шефот на руската нуклеарна агенција. Од 21 август Русија ќе започне да произведува гориво во иранската нуклеарна централа Бушер. Иран претходно ја критикуваше Русија за одложување на проектот, вреден повеќе од 1 милиајарда долари, за кој се согласи уште во 1995 година. Западните земји се критични за вмешаност на Русија во изградбата на нуклеарна централа во Иран. Москва пак вели дека Бушер е само за цивилни потреби и нема да се користи за изработка на оружје.