Да се зајакне демократијата во Киргистан

Меѓународната заедница треба да направи повеќе за да се зајакне демократијата во Киргистан, изјави денеска поранешниот американски сенатор Том Дешл. Дешл кој е поранешен демократски сенатор го посети Бишкек, како заменик директор на Националниот демократски институт од Вашингтон. Тој изјави дека демократијата ќе донесе стабилизација во регионот на Централна Азија. Во јуни Киргистан беше зафатен од етнички насилства, кои уследија по симнувањето од власт на претседателот Курманбек Бакиев. Парламентарните избори во земјата ќе се одржат во октомври.