Баркли ќе плати казна за кршење санкции

Британската банка Баркли се согласи да исплати парична казна од скоро 300 милиони долари поради непочитување на американските санкции против Куба, Иран и Судан. Американското министерство за правда соопшти дека на банките како Баркли нема да им биде дозволено да работат против санкциите што ги воведува американската влада. Притоа сепак се наведува дека Баркли повеќе пати во изминатава декада дала важни информации со кои биле предупредени американските институции за вистинското потекло на некои финансиски средства.