Нова тужба против Калиниќ во Хрватска

Државното обвинителство во Загреб поднесе тужба против Среќко Калиниќ за фалсификување документи, објави обвинителството на својата интернет страница. Обвинителството бара на Калиниќ, кој чека да биде екстрадиран во Србија, да му биде продолжен притворот кој му го одреди загрепскиот суд. Портпаролот на судот изјави дека новата постапка, може но и не мора да ја одложи екстрадицијата на Калиниќ во Србија.
Калиниќ во Србија, во отсуство е осуден на 30 години затвор за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ.