Поради закани до Обама, 2,5 години затвор

Поради закани дека ќе го убие претседателот на Соединетите држави Барак Обама, еден американец е осуден на 2,5 години затвор, соопштува американското федерално обвинителство. Осудениот е 33 годишен човек од Мисури . Тој во август минатата година упатил писмо до Белата куќа во кое меѓу другото пишувало и „претседателот треба да умре“.