ОН:102 хуманитарни работници загинале минатата година

Од Обединетите нации соопштуваат дека изминатата година биле убиени 102 хуманитарните работници. Во пораката по повод "Светскиот ден на хуманитарните работници“ кој се одбележува утре, од организацијата им оддадоа почит на сите оние хуманитарни работници кои го загубиле својот живот помагајќи им на другите. Вкупно 278 активисти биле убиени, киднапирани, или сериозно повредени минатата година. Тој број е за 10 пати поголем од жртвите во 1999-та година.