АРМ го прославува 18-от роденден

Интеграцијата во НАТО и во ЕУ се врвен приоритет од кој нема отстапки. Во таа насока, Македонија е меѓу првите пет земји придонесувачи за светскиот мир според бројот на мировници по глава на жител и тоа преку миисиите во Ирак, Авганистан, БиХ, Либан и Косово, изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски на одбележувањето на Денот на АРМ. Тој изјави дека Македонија не бара да биде наградена, бара да биде правилно вреднувана. Во обраќањето по овој повод претседателот Ѓорге Иванов пак побара во наредниот период да се зголемуваат финансиските средства наменети за Армијата. Тој изјави дека без континуирано вложување, стекнатата реформска кондиција може лесно да се изгуби.