На САД им требаат неколку години за излез од рецесијата

Американскиот Претседател Барак Обама изјави дека на САД ќе им требаат неколку години за целосно да излезат од рецесија. Секој кој ветува брзо опоравување и враќање на 8 милиони работни места само го сака вашиот глас, порача Обама во Сиетел на промоцијата на кандидатката на Демократите за Конгресот Пети Мареј.