Денеска се одбележува Денот на АРМ

Во касарната Илинден денеска ќе биде одржана централната свеченост по повод 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија. Во свечениот строј ќе бидат војници од повеќе единици на армијата, меѓу кои и припадниците на Втората механизирана пешадиска бригада што неодамна се вратија од мисијата ИСАФ во Авганистан. На присутните ќе им се обратат претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и министерот за одбрана Зоран Коњановски. Во чест на празникот ќе биде извршена почесна стрелба на 10 плотуни од 12 артилериски орудија.