Помош од Светска банка за обнова на Хаити

Светска банка соопшти дека деблокирала 55 милиони долари како помош на Хаити за обнова по катастрофалниот земјотрес од јануари годинава. Речиси половина од овие средства ги даваат донаторите Бразил, Норвешка, Австралија, Колумбија и Естонија. Исплатата на средствата ќе биде извршена кога владата на Хаити ќе ги заврши правните акти кои се однесуваат на донацијата, соопшти Светска банка. Во земјотресот кој ја погоди земјата на 12 јануари, животот го загубија повеќе од 230 илјади луѓе, а висината на штетите изнесува речиси 8 милијарди долари.