Косово:оптимисти за членство на земјата во ЕБОР

Министерот за финансии на Косово Ахмат Шала изјави дека со мислењето на меѓународнио суд за правда дека декларацијата за независност е во согласност со меѓународното право, му се отвара патот на Косово кон членство во Европската банка за реконструкција и развој. Министерот изјави дека тие се оптимисти дека ќе направат се што е потребно да бидат дел од една таква важна институција како што е ЕБОР. Еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен изјави дека Европската комисија ја подржува кандидатурата на Косово за членство во Европската банка.. Рен изјави дека Комисијата наскоро ќе ја ослободи првата транаша од 30 милиони евра пакет помош за Косово.