Одбележан Денот на АРМ

Припадниците на АРМ и покрај високите постигнати резултати, живеат и работат во релативно тешки услови, на што во најголема мерка влијаат доделените буџетски средства за потребите на одбраната, а соочени сме со опаѓање и на нивниот стандард, оцени началникот на Генералштабот на АРМ на одбележувањето на Денот на Армијата. Генаралот Мирослав Стојановски изјави дека недоволната реализација на армискиот буџет , негативно влијае и на процесот на опремување и модернизација на Армијата.