Во Хаг продолжи судскиот процес против Караџиќ

Во Хашкиот трибунал денеска продолжи судскиот процес против Радован Караџиќ, обвинет за воени злосторства и етничко чистење за време на војната во Босна и Херцеговина. Сведочеше бившиот воен посматрач на Обединетите Нации Ричард Мол, кој изјави дека војската на Република Српска го гранатирала Сараево секој ден без одредена цел. Според него имало проценки дека од таквото гранатирање дневно гинеле по 15-тина цивили.