На Пакистан му требаат 10 милијарди долари за обнова по поплавите

Светска Банка соопшти дека ќе му позајми на Пакистан 900 милиони долари за санирање на штетите од поплавите. Во меѓувреме, Обединетите Нации соопштија дека ќе соберат околу 460 милиони долари од меѓународни донатори како итна помош за околу 20 милиони луѓе, колку што трпат последици од поплавите. Пакистански претставник изјави дека целосната обнова на земјата ќе чини од 10 до 15 милијарди долари и ќе трае најмалку 5 години.