Експлозија во породилиште во Романија,3 бебиња загинале

При експлозија во породилиште во Букурешт, Романија, загинале 3 бебиња и 8 новороденчиња се здобиле со изгореници. Две бремени жени се повредени во несреќата. Владата соопшти дека експлозијата настанала на вториот кат на болницата и густиот чад се проширил до одделот за интезивна нега каде се третираат предвреме родените деца. Се уште не е позната причината за експлозијата.