УМНИК ги подржуваат разговорите меѓу Приштина и Белград

УМНИК е спремен да ги подржи разговорите меѓу Приштина и Белград и да посредува во нив, изјави портпаролот на мисијата на Косово, Расел Гики. Според него УМНИК ги подржава и ги охрабрува разговорите за техничките прашања, но на Приштина и на Белград останува да одлучат какви ќе бидат тие разговори.