Јапонија со послаб економски раст

Денеска објавените официјални податоци покажуваат дека во вториот квартал од годинава, јапонскиот економски раст бил значително послаб. Имено, меѓу април и јуни јапонскиот бруто домашен производ пораснал за само 0,4 проценти, што е многу помалку од очекуваното. Некои од поголемите јапонски еконмоски ривали во истиот период забележаа значително поголем пораст: Германија за 2,2 насто, додека Соединетите држави за 2,4 проценти. Аналитичарите велат дека новите податоци сугерираат оти Кина по се изгледа ќе ја замени Јапонија како втора најголема светска економска сила, по Соединетите држави.