Трет смртен случај во Грција од вирусот „западен нил“

Во Грција денеска почина трет болен од вирусот „западен нил“. Пациентот на возраст од 80 години починал во болница во Солун. Минатата седмица од истиот вирус починаа маж и жена на возраст над 75 години . Во болниците во Грциа уште најмалу 20 луѓе се лекуваат од болеста . Западнонилскиот вирус се шири преку убод од заразени комарци. Болните, меѓутоа, не се преносители на болеста