Петреус:направен мал прогрес во војната во Авганистан

Командантот на заедничките американски и НАТО сили во Авганистан генерал Дејвид Петреус изјави дека е направен мал прогрес во војната во Авганистан , но се надева дека ќе има поголем напредок . Тој изјави дека тоа што минатиот месец загинаа рекордно многу американски војници односно 66 е дел од борбата против талибанците. Петреус рече дека ќе го задржи своето право да му каже на претседателот Барак Обама дека е премногу рано да се започне повлекување на војници од Авганистан. Генералот ја критикуваше и одлуката на веб страницата Викиликс да објави нови 15 илјади досиеја за војната во Авганистан. Тој изјави дека претходно објавените веќе се закана за луѓето кои работат со меѓународните сили во Авганистан.