Протести во Индонезија за верски слободи

Повеќе од 1.000 активисти за религиски права и христијани протестирале пред претседателската палта во Џакарта во Индонезија, барајќи владата да им ги гарантира верските слободи и права. Тие барале државата одлучно да делува против оние кои прават насилства кон одредени верски групи. Демонстрациите се производ на скорешните конфликти меѓу муслиманите и христијаните, откако муслиманите се спротиставија на планот за изградба на црква. И покрај тоа што во Индонезија живее најмногу муслиманска популација речиси 88 проценти, владата е секуларна ,а Уставот гарантира права за 6 религии.