Над 6.500 мафијаши уапсени во Италија за 2 години

Околу 6.500 мафијаши, меѓу кои и 20 најопасни, се уапсени во Италија од мај 2008-та до сега, кога е формирана владата на премиерот Силвио Берлускони., изјави министерот за внатрешни работи. Тој изјави дека во просек се апселе по 8 мафијаши дневно и еден од тие најопасните месечно, што говори за борбата против криминалот и илегалната имиграција. Во тој период полицијата запленила и стока од мафијашите во вредност од 15 милиони евра.