Полицаец од Прилеп одгледувал марихуана

Двајца прилепчени, од кои едниот полициски службеник добија 30-дневен притвор поради огледување и пуштање во промет марихуана. Полицијата вчера во атарот меѓу прилепските села Бонче, Подмол и Марул пронашла 313 стебла марихуана, кои ги засадил полициски службеник вработен во полициска станица во Прилеп.