Дојава за бомба во Светилиште во Франција

Околу 30 илјади верници биле евакуирани денеска по дојава за бомба во светилиште во францускиот град Лурд, каде се одбележувал празникот Голема Богородица.. Полицијата добила порака дека во 15 часот ќе експлодираат 4 бомби, по што верниците биле евакуирани. Според верувањата во Лурд во 1858-та Богородица му се појавилана 18 пари на 14 годишното момче Бернард Субирус. Светилиштето на денешен ден го посетуваат илјадници верници, поголемиот дел од нив тешко болни кои доаѓаат во потрага по исцелување.