Русија:53 илјади хектари шума и понатаму горат

Во Русија и понатаму гори 53 илјади хектари шума, што е за 3.000 илјади хектари помалку во споредба со вчера, соопштуваат од министерството за вонредни ситуаци на Русија. Во московската област во последните 24 часа се угаснати пожари на 20 хектари, а се уште е критична состојбата во Централниот федерален округ и тоа во Ржанската и во Владимировската област. Чадот и смогот и натаму се присутни во Москва, но властите тврдат дека нивото на загаденост е во рамките на дозволеното.