Српскиот министер Дачиќ во посета на Косово

Потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска ќе ја посети Грачаница во Косово, соопштуваат од српското министерство за Косово и Метохија. Во текот на еднодневната посета министерот ќе се состане со раководството на Координативниот центар на областа, а предвидено е и да го посети манастирот Грачаница.