Русија:стапува на сила забранaта за извоз на жито

Од денеска стапува на сила забранта за извоз на жито од Русија . Забраната најверојатно ќе трае до крајот на годинава. Забраната е обид да се одржат цените на храната, по сушата и пожарите кои ја зафатија земјата. Русија е еден од најголемите прозводители на житни култури . Минатата недела претседателот Дмитри Медведев изјави дека една четвртина од житото е уништено од сушите . Како одговор на ситуацијата во Русија и американскиот сектор за земјоделство ги намали очекувањата за житните приходи оваа година и тоа за 2, 3 проценти. Но од таму изјавуваат дека нема да има глобална криза, заради руските загуби.