Бан Ки Мун во посета на Пакистан

Секретарот на Обединетите нации Бан Ки-Мун се очекува денеска да ги посети областите уништени од поплавите во Пакистан и да изврши преглед на ситуацијата. Пакистанскиот премиер Јусуф раза Гилани соопшти дека властите сега веруваат дека околу 20 милион луѓе се погодени од поплавите. Пакистан вчера ги откажа прославите за одбележувањето на Денот на независноста од Британија и создавањето на државата во 1947 година, од почит за жртвите од катастрофата. Официјални претставници на ОН потврдија најмалку еден случај на колера во областа Мингора, и случаи на други заразни болести во поплавените региони. ОН апелираше до меѓународните донатори да се обезбедат најмалку 460 милиони долари за итна помош за жртвите од поплавите.