Либан отвори сметка за донации за купување оружје

Владата на Либан отвори сметка во Централната банка во која луѓето ќе може да донираат пари за да се купи оружје за војската, изјави либанскиот министер за одбрана. Таквиот чекор е протест против одлуката на Конгресот на САД со кој е запрена воена помош во вредност од 100 милиони долари поради стравот дека тоа оружје може да биде искористено против Израел и затоа што екстремистичката организација Хезболах може да има влијание на либанската војска. Министерот за одбрана и татко му кој е пратеник во собранието на сметката за оружје уплатиле 665 илјади долари. Соединетите држави од 2006-та година на Либан му дадоа помош од 720 милиони долари.