Викиликс најавува нови тајни документи

Основачот на веб сајтот „Викиликс“ Јулијан Асанџе најави дека во следните неколку недели ќе биде објавена конечната серија од тајните документи за војната во Авганистан. Соопштението од Викеликс доаѓа по обновениот притисок од Пентагон, да не се објавуваат тајните документи, со образложение дека тие преставуваат уште поголем ризик од веќе објавените 76 илајди тајни досиеја кои беа објавени манатиот месец. Асанџе кој е поранеше компјутерски хакер вели дека неговата веб страница ја зголемила јавната дебата за војната во Авганистан и за однесувањето на странските војници. Од организацијата „Новинари без граници“ го критикуваа протекувањето на информациите од Викилис , велејќи дека на тој начин може да се доведат во прашање животите на многу луѓе.