Хјуман рајтс воч:Узбекистан да ги почитува правата на луѓето

Од организацијата Хјуман рајтс воч апелираат до властите во Узбекистан да ја поништат 13 годишната казна затвор за еден активист за човекови права. Од организацијата велат дека обвиненијата против Гаибуло Јалилов немаат кредибилитет. Јалулов отслужува девет годишна затворска казна за верски екстремизам, a минатата недела казната му беше продолжена за уште 4 години . Од Хјуман рајст воч велат дека човекот е малтретиран од узбечките власти. Западните земји во текот на минатата година се обидоа да ги зајакнат односите со дипломатски изолираниот Узбекистан, но и покрај тоа состојбата со демократските слободи и права во земјата се уште е лоша.