Телефонски разговор Карзаи-Обама

Американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Авганистан Хамид Карзаи се заложија да продолжат да работат заедно за да го одржат притисокот врз Талибанците и да продолжат со борбата против екстремизмот . Белата куќа соопшти дека Обама и Карзаи вчера имале едночасовен телефонски разговор. Двајцата претседатели се доворија да продолжат со напорите за заштита на авганистанкиот народ., за подобрувањето на управувањето со земјата, за престојните парламентарни избори во Авганистан, цивилните жртви, борбата против корупција, соработката на Авганистан со земјите од регионот, се наведува со соопштението.