Пакистан:Поплавите го откажаа празнувањето

Во Пакистан се откажани речиси сите официјални прослави на Денот на независноста, кој се прославува денеска, поради поплавите со кои продолжува да се бори земјата. Се проценува дека од катастрофата се погодени околу 14 милиони луѓе, а овие поплави се опишуваат како најлошата хуманитарна криза во земјата. Денеска требаше да се одбележат 63 години од создавањато на Пакистан , односно од ослободувањето од британските власти. Властите стравуваат од ширење на болести и епидемии, а преставниците на ОН потврдија најмалку еден случај на колера на северозападот на земајта. Денска во Пакистан ќе отпатува и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за да ги олесни напорите за справување со ситуацијата.