Северна Кореја бара извинување од Јапонија

Северна Кореја побара од Јапонија извинување и компензација за колонијалното владеење од 1910-та до 1945-та година. Јапонија пред три дена и се извини на Јужна Кореја за окупацијата на Корејскиот Полуостров. Јапонија и Северна Кореја немаат дипломатски односи.