Изборите во Мјанмар на 7 ноември

Првите избори во Мјанмар во изминативе две децении ќе бидат одржани на 7 ноември, објави денеска на државната телевизија воената хунта која управува во таа земја. Пред ова соопштение хунтата усвои многубројни закони кои притворената опозициона лидерка, нобеловката за мир Аунг Сан Су Чи и меѓународната заедница ги оценија како недемократски. Според законите, Су Чи која е во домашен притвор од 1989 година нема да може да учествува на изборите.