Продолжуваат напорите за гаснење на пожарите во Русија

Руските власти продолжуваат со напорите за гаснење на пожарите кои ја зафатија земјата поради топлотниот бран. Претседателот Димитриј Медведев изјави дека ¼ од житните поседи биле уништени од огновите. До сега повеќе од педесет лица загинаа во огнените стихии.