Во несреќа во Конго 58 загинати

Најмалку 58 луѓе загинале кога камионот со кој се превезувале се превртел и паднал во езерото Танганиак во Конго, јавуваат тамошните власти. Во камионот имало 63 патници, а 5 ја преживеале несреќата. Локалната полиција соопштува дека возачот налетал на камен ,изгубил контрола и камионот паднал во езерото. Сообраќајните несреќи се чести во Конго, најчести причини се лошите патишта и старите возила.