Романија подржува дијалог меѓу Израел и Палестинците

Романија го подржува обновувањето на мировните разговори меѓу Израел и Палестина но без условувања, изјави романскиот претседател Трајан Басеску по средбата со претседателот на Израел Шимон Перез. Басеску изјави дека во случај на евентуален напад на Иран, Романија ќе биде лојален партнер како членка на НАТО и лојален партнер на Израел. Тој изјави дека Романија безрезервно ги подржува последните санкции на Советот за безбедност кон Иран. Израелскиот претседател му се заблагодари на Басеску што за време на втората светска војна Романија спасила 400 илјади Евреи кои подоцна допринеле за изградба на израелската држава.