Критики за планот да се запали куранот

Светската Сунитска муслиманска организациај го осуди планот на една црква во Флорида која прифати да биде домаќин на церемонијата на палење на Куранот која ќе се одржи на 11 септември. Од организацијата таквиот план го окарактеризираа како провокација и распламтување на омраза и дискриминација. Од организацијата Ал Азар со седиште во Египет повикаа другите цркви во Америка да го осудат таквиот настан. Црквата во Флорида планира да ја запали светата исламска книга во знак на сеќавање на жртвите кои загина на 11 септември во нападите на кулите близначки.