Русите спас од пожарите бараат на турските плажи

Турските туристички крајбрежни места се полни со руски туристи кои бараат спас од пожарите, јавуваат турски медиуми.
Локалните хотели во Турција имаат зголемена побарувачка за пансиони, а билетите за авионски превоз од Русија продадени се веќе две недели однапред.
Главна дестинација за Русите е Анталија каде температурите често се над 40 степени Целзиусови, а на водата и до 30 степени.