Ал Каеда апелира за финансиска помош

Ал Каеда бара финансиска помош за својата териористичка организација, што е веќе трет пат за малку повеќе од една година. Во пораката објавена на една есктремистичка интернет страница, повторени се апелите на поранешниот врховен командант на авганистанскиот огранок на Ал Каеда, Мустафа Абу ал-Јазид од јуни 2009. Тој тогаш наведе дека голем број од есктремистите во Авганистан не можат да се борат затоа што им недостасуваат пари и опрема.