ЕУ и нуди помош на Русија околу пожарите

Шефицата на европската дипломатија, Кетрин Ештон, денеска му го повтори на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, предлогот на ЕУ да им помогне на властите на Русија во гаснењето на шумските пожари. Ештон на Лавров му понудила „поддршка од ЕУ, сега и во иднина“, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.