Клинтон:СТАРТ да се донесе што е можно побрзо

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска изјави дека е уверена дека Сенатот ќе го ратификува новиот СТАРТ договор со Русија за намалување на вооружувањето , и повика што е можно поскоро да се донесе договорот за да се заштити националната безбедност. Претходниот договор меѓу САД и Русија истече во декември . Сенатот минатата недела одлучи гласањето да се одржи во септември. Клинтон денеска изјави дека верува оти постои доволно поддршка да помине договорот, кој беше потпишан од страна на американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Дмитриј Медведев во април.